белгиски вафли

Најдобриот белгиски рецепт за вафли

Меките и сочни вафли се популарни насекаде во светот, а може да се каже дека најмногу се јадат во Белгија, од каде што доаѓаат голем број на рецепти. Идеални се за појадок со мармалад, мед или путер.

Се прават многу едноставно, со неколку состојки кои сигурно ги имате во кујната. Па засукајте ги ракавите и направете домашни вафли по најдобриот белгиски рецепт.

вафли

Состојки:

  • 2 чаши брашно
  • 4 мали лажички прашок за печиво
  • ½ мала лажичка сол
  • ¼ чаша шеќер
  • 2 јајца
  • ½ чаша масло
  • 2 чаши млеко
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги брашното, прашокот за печиво, солта и шеќерот. Измешајте ги со лажица.
  2. Во сад за матење ставете ги белките. Изматете ги со миксер додека се добие шлаг.
  3. Во друг сад ставете ги жолчките, млекото, маслото и ванилата. Измешајте ги кратко, а потоа додајте ги во садот со брашното и измешајте добро.
  4. Во садот со брашното, постепено додавајте ги белките. Измешајте со лажица додека се добие хомогена смеса.
  5.  Тостерот за вафли загрејте го. Со помош на црпалка ставете од смесата. Вафлите печете ги во тостер додека поруменат. Печените вафли послужете ги со шеќер во прав или мармалад по желба. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за благи тостерки – десерт на љубовта.

Сподели: