Најлесен начин за ефикасно чистење на решетките од рерната 1

Најлесен начин за ефикасно чистење на решетките од рерната

Ако чистењето на шпоретот и решетките од рерната досега ви беше „ноќен кошмар“, независно дали тоа било поради јаките хемикалии или тврдокорните дамки, треба да го пробате ова едноставно решение!

Најпрво, во неколку реченици на кратко ќе ви објасниме за што станува збор.

Потребно:

  • Поголема крпа
  • Детергент за алишта или сода бикарбона
  • може и сок од лимон, но не е неопходен
  • Тегличка
  • гумена ракавица по желба
  • Сунѓер за миење садови или стара четкичка
  • Топла вода
  • Када или друг поголем сад.

Она што треба да го направите е само да ги следите следните неколку чекори:

  1. Ставете ја крпата на дното од кадата, така ќе спречите кадата да ви се изгреби или да ви заостане нечистотија.
  2. Решетките од рерната распоредете ги на крпата.
  3. Кадата затворете ја, а потоа наполнете топла вода. Количината на вода е доволна кога решетките се убаво потопени.
  4. Во тегличка растворете го детергентот или содата бикарбона, па турете го во водата.
  5. Оставете ги решетките да стојат така околу 6 часа, а потоа истријте ги со сунѓерот или со четкичката. Ќе заблескаат!

За најдобро да видите како се прави тоа, препорачуваме да издвоите неколку минути и да го погледнете видеото од кое откривме како најлесно може да ги исчистите решетките од рерната.

Ви препорачуваме да прочитате: Природно средство за чистење на рерна.

Сподели: