виа игнација нова година

Најубавиот дочек на Новата Година ќе биде во Виа Игнација

Имајте незаборавен дочек на Новата Година! Кој што не бил, мора да ја посети Виа Игнација во Вевчани! Најсвечените мигови во пресрет на Новата 2017 година споделете ги со своите најблиски и најмили во ресторанот Виа Игнација, сместен во еден од најубавите предели на Македонија.

Драги пријатели, обожаваме да шетаме и низ дружба да ги откриваме убавините на Македонија, а и да дегустираме традиционална храна. При една наша прошетка имавме можност да го посетиме ресторанот Виа Игнација во Вевчани и многу задоволни од вкусната храна и одличната услуга, со голема радост препорачуваме да ги посетите во првата можна прилика. Како што можете да погледнете и од фотографиите, по повод новогодишните празници, можете да уживате во прекрасната и многу пријатна новогодишна атмосфера. Топло ви препорачуваме да ги исконтактирате љубезните вработени од ресторанот Виа Игнација и навреме да го закажете своето столче, да им ја пробате со љубов приготвената храна и разните домашни производи. Традиционално и проверено вкусно, потврдено од нас!

дочек на новата година

Наздравете со добро вино и домашна ракија на богата трпеза, запејте на наша песна и заиграјте. Ресторанот нуди богато мени со квалитетна храна, неограничен пијалок, одлична услуга, удобност и прекрасната атмосфера. За музиката и музичкиот репертоар ќе се погрижат бендот Индекс – 2, а специјален гостин ќе биде Анита Мицова.

Дојдете и почувствувајте ја прекрасната атмосфера, празничната магија и вечер исполнета со убави, весели и незаборавни моменти.

Картите се пуштени во предпродажба по цена од 1690 денари за дочекот на Новата Година и 690 денари за првата реприза. За резервации и информации јавете се на 071 305 416 и 070 871 599. Менито за новогодишната вечер и првата реприза погледнете го на фотографијата, а по повод традиционалниот Вевчански карневал,  за скоро очекувајте и специјално Василичарско мени со одлична храна и супер цени!

виа игнација мени

Информации и резервации:

  • Ресторан Виа Игнација, Вевчани
  • Моб: +389  (0) 71 305 416
  • Моб: +389 (0) 70 871 599
  • Тел: + 389 (0) 46 798 527
  • Е-маил: viaignatia@yahoo.com
  • www: viaignatia.mk
  • Facebook: Via Ignatia Vevcani

*Комерцијален текст

Сподели: