Нега на масна кожа во лето 1

Нега на масна кожа во лето

Масните и комбинираните типови на кожа имаат потреба за постојана нега во сите сезони, а посебно за време на летото. Но, позитивно е тоа што масната кожа старее побавно, а со неколку препарати можете лесно да негувате вашата убавина и да правите природна нега на масна кожа.

Може да ве интересира: Маска против акни – за масна и комбинирана кожа.

Нега на масна кожа во лето 2

Има неколку основни правила до кои е добро да се придржувате. Еве за што станува збор:

  1. Кожата секогаш мијте ја со млака вода, затоа што така маснотиите се отстрануваат подетално.
  2. Не претерувајте со чистење на лицето, два пати дневно е сосем доволно. Претераното чистење поттикнува уште поголемо лачење на природни масти.
  3. Користете средства за чистење на лицето кои содржат салицилна киселина, лимонска или гликолна киселина, бидејќи помагаат за отстранување на мртвите клетки кои водат до зачепување на порите и формирање на акни и мозолчиња.
  4. Никогаш немојте да ја триете кожата премногу кога станува збор за пилинг, а исто така не го повторувајте повеќе од 2-3 пати неделно. Пречесто практикување на пилинг, го поттикнува производството на природни масла.
  5. Во лето намалете со шминкањето, а тешките подлоги заменете ги со лесните ВВ или CC креми на база на вода.
  6. Користете маски за лице на база на глина, барем еднаш неделно.
  7. Внимавајте да не го допирате лицето постојано, а не ја оставајте ни косата многу на лицето.
  8. Не јадете премногу масна, пржена и нездрава храна, таа ја поттикнува појавата на акни на масната кожа. Јадете намирници богати со витамин А, како што се сладок компир, моркови, дињи, зелен лиснат зеленчук, спанаќ, кељ, зелена салата, црвени пиперки, кајсии, манго.
  9. Секојдневно пијте по 8-10 чаши вода.

Совет плус: Доколку имате проблематична кожа на лицето, чести воспаленија, акни, митесери – постои чудесна црна маска која ќе ви помогне засекогаш да се ослободите од овие проблеми. Како ефикасна маска наменета за чистење на акните и митесерите ја препорачуваме SLC PureSkin црната маска за лице која е богата со минерали и растителни екстракти. Со помош на оваа маска ќе добиете уникатен пилинг ефект кој дава моќни резултати на детоксикација, пречистување и осветлување на кожата. Брзо се суши, создавајќи цврста форма која ги апсорбира нечистотиите и темелно ги чисти порите, нежно отстранувајќи ги митисерите, акните и вишокот масленост на површината на кожата. Ефикасно и подеднакво добро се бори со црнките и лојните жлезди. Совршено тонизира, хидратира, ја затегнува кожата и ја прави мека и сјајна. Повеќе за SLC PureSkin црната маска за лице, прочитајте тука.

Ви препорачуваме да прочитате: Нов светски хит за чиста и негувана кожа!

Сподели: