Нискокалоричен, протеински замрзнат јогурт со овошје без шеќер

Летните денови се идеални за разладување со замрзнат јогурт! Овој десерт е многу популарен ширум светот, затоа што освежува и дава енергијата во топлите летни денови. Вкусот е како сладолед, но замрзнатиот јогурт е многу поздрав.

А ние ја имаме можеби најздравата верзија, направена со овошје и тоа без шеќер. За да го збогатиме вкусот и да ја зголемиме нутритивната вредност додадовме SLC Meal Replacement Јагода, па добивме совршен леден десерт. Од наведената количина на состојки се добиваат 6 до 7 порции замрзнат јогурт. Секоја порција содржи: 75 калории, 12 грама јагленихидрати, 1 грам масти и 5.5 грама протеини. Во продолжение прочитајте како може да си го направите овој замрзнат десерт.

замрзнат јогурт со овошје

Состојки:

  • 1 чаша кисело млеко или јогурт со 1% на млечна маст
  • 30 грама SLC Meal Replacement од јагода
  • ½ чаша замрзнато бобинкасто овошје (вишни без семки, јагоди, малинки, капинки, боровинки…) по избор
  • 2 лажици замрзната или свежа аронија
  • 2 сушени смокви.

Подготовка:

  1. Сушените смокви исечкајте ги на ситни коцки.
  2. Во блендер ставете го киселото млеко, SLC Meal Replacment од јагода, аронијата, бобинкастото овошје и сушените смокви.
  3. Миксирајте за време од 1 минута додека се добие хомогена смеса.
  4. Смесата ставете ја во калапи за сладолед. Оставете ја во замрзнувачот најмалку 2 часа за убаво да се стврдне. Ви предлагаме замрзнатиот протеински сладолед да го послужите за ужина. На здравје!
zamrznat jogurt

Имаме и една супер вест која можеби ќе ви се допадне, а пред се ќе ви користи! SLC Meal Replacement од Јагода сега е на акција и понудата е неверојатно исплатлива! Може да добиете два SLC Meal Replacement Јагода по супер цена од 798 денари. Отворете тука за да ја видите понудата или да нарачате, а ако сакате може да се јавете се на телефоните 078215929 и 02 270 0028.

Ви предлагаме да прочитате: Домашен нискокалоричен протеински сладолед.

Сподели: