сутлијаш со интегрален ориз

Нискокалоричен сутлијаш со интегрален ориз

Знаете ли дека може да уживате во омилениот сутлијаш без притоа да водите сметка за калориите и здравјето? Имаме нов супер рецепт за сутлијаш со интегрален ориз, приготвен во нашата кујна и тоа со голема љубов за сите љубители на десерти кои сакаат да ги намалат килограмите, активно вежбаат или водат сметка за начинот на исхрана.

Инспирација за подготовка на овој десерт ни беше SLC Meal Replacement, хранлив заменски оброк со балансирана количина на јагленихидрати, протеини, растителни влакна, витамини и минерали. А, целокупната комбинација на состојки дава совршен, богат вкус. Од наведената количина ќе добиете 4 порции. Што се однесува до нутритивната анализа која сигурно ќе ве интересира, еве ги вредностите за една порција: 220 калории, 40 грама јагленихидрати, 2 грама масти и 9 грама протеини.

Состојки:

  • 1 чаша интегрален ориз
  • 3 чаши вода
  • 2 лажици SLC Meal Replacement од ванила
  • стевиа или друг засладувач по вкус
  • 1 чаша нискомаслено млеко
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • цимет по вкус.

Подготовка:

  1. Оризот исчистете го и измијте го убаво со ладна вода. Ставете го во поголемо тенџере и додајте ја водата. Варете на умерена температура за време од 20 до 30 минути, додека оризот омекне.
  2. Потоа, тенџерето тргнете го од огнот и поклопете го со капак. Оставете го 2 до 3 часа, додека оризот ја апсорбира преостаната вода.
  3. Тенџерето вратете го на огнот и додајте го SLC Meal Repalcement од ванила, стевиа по вкус, млекото и екстрактот од ванила. Варете го сутлијашот за време од две до три минути, додека се згусти.
  4. Потоа, тенџерето тргнете го од огнот и сутлијашот турете го во чисти садови. Оставете го да се излади и декорирајте го со цимет во прав. Послужете го изладениот сутлијаш со интегрален ориз и уживајте во здравиот и сладок десерт!

Ви предлагаме да прочитате: Напиток од банана и SLC шејк од ванила.

Сподели: