елки од шишарки

Новогодишни мали елки од шишарки

Новогодишните и божиќните празници ни се на самиот праг, па покрај китењето на елката време е да направиме и по некој друг празничен украс, со цел да ја внесеме новогодишната магијата во нашиот дом. Ние навистина ги сакаме празниците и се она што тие ни носат, а тука секако спаѓаат и интересните идеи за разни декорации. Денес ќе ви покажеме како да си направете новогодишни мали елки од шишарки.

Постапката за изработка на декоративните украси е едноставна и истата е прикажана и на видеото. На вас останува само да ги следите инструкциите и да го разубавите својот дом со интересни мини елки од шишарки.

Како да направите мини новогодишни елки од шишарки?

Пред да започнете, проверете дали ги имате на располагање следните материјали:

  • шишарки
  • зелена и бела акрилна боја
  • силиконски пиштол
  • светки во прав
  • малечка саксија (може да искористите плутена тапа)
  • мала украсна ѕвезда.

Начин на изработка на мини украсни елки од шишарка:

  1. Најпрво шишарката обојте ја со зелена боја и оставете ја да се исуши.
  2. Откако ќе се исуши, врвовите на шишарката обојте ги во бела боја за да изгледа како на елката да има паднато снег.
  3. Со силиконски пиштол залепете ја шишарката во малечка саксија. Може да користите плутена тапа која ќе ја пресечете на два до три дела.
  4. На врвот од шишарката залепете малечка украсна ѕвезда.
  5. За крај, шишарката може да ја посипете со светки во прав, со цел да постигнете целосен ефект на малечка новогодишна елка.

Ви препорачуваме да прочитате: Направете новогодишен свеќник со стапчиња цимет.

Сподели: