ладен чај

Овошен ладен чај за детоксикација и слабеење

Ја креираме листата на нашите омилени ладни чаеви кои помагаат за детоксикација и слабеење! И овој пат во соработка со нашите пријатели од Slim Line Club креиравме нов рецепт. Инспирација ни беше добро познатиот Slim Line Tea кој го комбиниравме со црвено овошје, па така го добивме овој освежителен и овошен ладен чај.

Еве зошто се одлучивме баш за оваа комбинација. Slim Line Tea е чај кој содржи високо квалитетни состојки кои освен што помагаат за намалување на вишокот на килограми, истовремено имаат и ефект да делуваат на поткожните масти, со тоа што се уништуваат и согоруваат масните центри. Чајот ги отстранува поткожните маснотии со што се оптимизира работата на лимфната жлезда, ја намалува надуеноста на телото и го нормализира прекумерното лачење на маснотии во кожата. Полифенолоите и катехинот од зелениот чај ефикасно ќе ги отстранат токсините од вашиот организам. Кога токсините се елиминирани, метаболизмот се забрзува и организмот може ефикасно да ги согорува масните наслаги.

овошен ладен чај

За аронијата често пати се вели дека е најздравото овошје на светот. Таа има голем број на придобивки за здравјето. Една од нив е нејзиното поволно дејство за прочистување на крвта и дигестивниот систем. Вишните ја подобруваат работата на органите за варење и помагаат за намалување на телесната тежина. Од друга страна, брусницата го помага излачувањето на токсините од крвта и се постигнува ефектот на детоксикација.

Состојки:

  • 1 вреќичка Slim Line Tea (може да го купите преку онлајн продавницата Slim Line Club или јавете се на телефоните: 078 215 929 и 02 270 0028)
  • 2 лажици замрзнати вишни без семки
  • 1 лажица замрзната аронија
  • 1 лажица сушена брусница
  • 4 чаши вода
  • мед, јаворов сируп, стевија или друг засладувач по желба
  • коцки мраз за сервирање.

Подготовка:

  1. Во мал сад на оган ставете 2 чаши вода. Штом водата се загрее, садот тргнете го од оган и додајте ја вреќичката Slim Line Tea. Оставете го чајот за време од 3 до 5 минути, а потоа вреќичката извадете ја.
  2. Во друг сад на оган ставете го овошјето и додајте 2 чаши вода. Штом водата зоврие, тенџерето тргнете го од огнот. Оставете го да се излади за време од 5 до 10 минути.
  3. Во садот со чајот, додајте ја течноста со овошјето. Измешајте со лажица и оставете го чајот да се излади.
  4. По желба изладениот чај ставете го блендер и засладете со мед или друг засладувач. Миксирајте додека се добие хомогена течност.
  5. Во чаши ставете неколку коцки мраз. Врз мразот ставете го изладениот чај и послужете. На здравје!
овошен ладен чај

Инфо плус: Имаме изненадување за вас! Нашите пријатели од Slim Line Club го слават својот роденден со попусти на сите производи. Купете го Slim Line Tea преку онлајн продавницата на Slim Line Club со роденденски попуст или јавете се на телефоните: 078 215 929 и 02 270 0028.

Ви предлагаме да прочитате: Ладен чај за забрзување на метаболизмот и слабеење.

Сподели: