маска со пиво

Одлична маска со пиво за безживотна и слаба коса

Ако имате слаба коса, сигурно вложувате многу труд и време за да го подобрите изгледот. Тешко е да се постигни волумен, а косата брзо се масти и изгледа безживотно. Ако скапите козметички средства немаат ефект, тогаш пробајте ја оваа домашна маска со пиво, која ќе ја зајакне вашата која.

Сите кои имаат слаба коса секогаш се во потрага по решение и покушаваат да ги откријат тајните за убавата бујна коса. Затоа им припремивме маска за ревитализација која ја зајакнува косата и ја збогатува со хранливи состојки. Бананата е одлична за поттикнување на растот на косата, а изобилува со витамини и минерали. Пивото и жолчката од јајце ја хранат, обновуваат и ѝ дават сјај косата, а медот е богат со антиоксиданси и хранливи материи кои ги хранат фоликулите и поттикнуваат раст на здрава коса.

За да ги забележите изненадувачките резултати од маската со пиво, нема потреба да чекате многу време.

маска со пиво

Состојки:

  • 1 средна банана
  • 1 жолчка
  • 1 лажица мед
  • 100 мл пиво.

Подготовка:

  1. Сите состојки добро измешајте ги со помош на блендер или миксер. Потоа, маската нанесете ја на чиста и влажна коса.
  2. Врз косата ставете најлонска ќеса или капа, завиткајте ја со крпа или шал и оставете маската да делува на косата по можност 2 часа. После тоа, косата измијте ја со топла вода.
  3. За сите кои сонуваат за здрава, убава и раскошна коса, оваа маска со пиво е одлична варијанта. Доволно е да ја применувате еднаш неделно, за да ја претворите слабата коса во бујна и раскошна.

Ви предлагаме да прочитате: Домашна маска за поздрава и побујна коса.

Сподели: