оригинален рецепт за хумус

Оригинален либански рецепт за хумус

Хумус е популарен апетизер од Средниот исток. Се прави од леблебии, а најдобар за послужување е во комбинација со либански леб, токму како што прават и во Либан, земјата од каде потекнува од вкусно „чудо“ кое со својата автентичност го освои прво арапскииот, а потоа и останатиот дел од светот. Од искуство ви препорачуваме да го пробате, вкусот ќе ве натера да се восхитите на културната и хранливата вредност која ја носи во себе!  

Состојки:

  • 400 гр непечени леблебии (наут)
  • 150 гр тахини паста
  • 150 гр коцки мраз
  • сок од 2 цедени лимони
  • сол по вкус
  • 1/4 лажиче сода бикарбона.

Подготовка:

  1. Потопете ги леблебиите во вода и оставете ги 24 часа да стојат на собна температура, а потоа исцедете ги и така исцедени ставете ги во поголем сад со 4 литри вода.
  2. Оставете да се зголеми температурата до ниво на топла, а веднаш потоа намалете ја.
  3. Додајте ј содата бикарбона и оставете да варат непокриени, на пониска температура за време од околу 1,5 до 2 часа. За да проверите дали се готови, земете една леблебија и со помош на прстите проверете дали е мека и се крши. Не треба да има цврстина воопшто.
  4. Исцедете ги леблебиите и оставете ги на страна за да се изладат.
  5. Во блендер ставете ја тахини пастата и поголем дел од коцките мраз, а потоа додајте го лимоновиот сок и прстофат сол. На крај додадете ги леблебиите и блендирајте додека смесата стане мазна (околу 10 минути).
  6. За време на блендирањето додјте ги и останатите коцки мраз, а потоа покријте ја смесата со најлонска фолија и оставете ја стои во фрижидер околу 6 часа.

Сервирајте го готовиот хумус во убава чинија, налејте малку маслиново масло и по можност сервирајте со либански леб. Доколку немате време да го припремате бидете без грижа, вака припремениот хумус нема замерка во вкусот и може да се јаде засебно или во комбинација со обичен леб. На здравје!

Сподели: