Отстранете брадавица со помош на лук – потполно природно

Отстранувањето на брадавица може да биде полесно и побезболно од што воопшто сте помислиле досега. Со помош на чешне лук, ќе постигнете вистинско чудо и лековит ефект со малку труд! Само одреден број луѓе знаат колку здрава намирница е лукот и од колку голема корист може да биде за нашето здравје, а тој тренд се повеќе се менува со учењето и споделувањето на информации за неговата корист.

Лукот може да се користи за лечење на кандида, намалување на крвниот притисок, одличен е против настинка, а денес ние споделуваме со вас како да го искористите лукот за да ги отстраните брадавиците на без да чувствувате болка. Малите иритантни брадавици кои во главно се создаваат на прстите и дланките можат да бидат значаен проблем, посебно кога станува збор за деца. Со помош на чудотворниот лук, можете да ги отстраните на потполно безболен и безбеден начин. За брадавиците постои мислење дека се создаваат без никаква причина, а препаратите кои обично се користат за нивно отстранување, содржат многу хемикалии кои се штетни за кожата. Спротивно на тоа, ви нудиме природно решение.

Отстранете брадавица со помош на лук - потполно природно

Природен и ефективен третман на брадавицa

Постапка: 

  1. За почеток, внимателно и убаво измијте ги рацете со антибактериски сапун, а доколку на рацете имате исекотини или гребаници покријте ги со фластер, бидејќи вирусните брадавици се заразни.
  2. Исчистете едно чешне лук и пресечете го по должина.
  3. Со пресечената страна премачкајте ја брадавицата и потрудете се да истиснете што повеќе сок од лукот. Внимавајте да не зафаќате голема површина од здравата кожа.
  4. Брадавицата тријте ја 90 секунди.
  5. Потоа, исчистете ново чешне лук, пресечете го и поставете го директно на брадавицата. Замотајте го со завој (може и да го прицврстите со фластер пред тоа) и оставете го така да преноќи.
  6. Постапката повторувајте ја додека брадавицата испадне.

Сподели: