Палачинки во форма на срце 11

Палачинки во форма на срце со SlC Meal Replacement Strawberry

Верувајте дека ни приближно не можете да претпоставите колку им е добар вкусот на нашите палачинки во форма на срце! Ги направивме со многу внимание и тоа по повод празникот на љубовта, па не случајно формата е во вид на срце. Меки се и воздушести, неодоливо ароматични. Што и да ви кажеме малку е, ќе знаете само ако ги направите и самите. Топло препорачуваме да ги пробате.

Палачинки во форма на срце 1

Одличниот свеж вкус и аромата на која навистина не може да се одолее ги постигнавме благодарение на SlC Meal Replacement Strawberry шејкот кој го набавивме од нашите пријатели  SlimLine Club. Добрата вест е, што само сега по повод празникот на љубовта има специјална цена на 50% попуст, плати 1 земи 2 паковања за само 1198 денари! Ова е екстра прилика да направите посебни палачинки, а потоа уште долго да го снабдувате организмот со разни корисни состојки! Никогаш подобра цена за овој одличен производ! Кликнете тука за да нарачате. Станува збор за вкусен и хранлив заменски нискокалоричен напиток кој е богат со протеини, растителни влакна и неопходни витамини и минерали. Кога се пие како шејк, овозможува ситост и намален апетит, ја зголемува желбата за вода и го помага варењето на храната.

Палачинки во форма на срце

А, во оваа прилика, како поддржувачи на здравите начини на живот, ја искористивме можноста да го вклопиме како дел од вкусен десерт. Целта беше да има значително помалку јагленохидрати од вообичаените десерти, а да е богат со протеини и растителни влакна. Така, и ако применувате некој посебен режим на исхрана, може слободно да уживате во ова слатко задоволство. Нема шеќер, ниту брашно, а еве што вели нутритивната анализа. Направивме 13 палачинки во форма на срце, а ако изедете една ќе внесете 73 калории (8 пати помалку од просечните калории на едно чоколадо), 3,5 грама протеини,  2 грама растителни влакна, 11 грама јаглени хидрати и 1,5 грама масти.

Палачинки во форма на срце 2 slc 3

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 зрела банана
  • 20 гр SlC Meal Replacement Strawberry
  • 3-4 јаготки зависно од големина (може да користите свежи или замрзнати)
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 1 чаша овесни снегулки
  • ½ ќесичка прашок за печиво.

Подготовка:

  1. Измерете ја потребната количина од шејкот од јагоди и измешајте ја со прашокот за печиво.
  2. Овесните снегулки ставете ги во блендер и миксирајте додека добите брашно.
  3. Брашното од овесни снегулки измешајте го со шејкот и печивото.
  4. Продолжете со припрема на јајцата. Најпрво одделете ги белките од жолчките.
  5. Во сад, со помош на миксер изматете ги белките до цврст снег.
  6. Жолчките изматете ги во друг сад, а потоа во него додадете ја претходно испасираната банана и ситно сечканите јаготки.
  7. Во садот со изматените жолчки додајте го екстрактот од ванила и измешајте.
  8. Потоа, постепено додавајте од цврстиот снег од белки, па кратко изматете со миксерот.
  9. Претходно припремените суви состојки, односно смесата од овесот и шејкот додајте ја во садот со изматените јајца.
  10. Тавата за палачинки загрејте ја умерено висока температура. Со помош на лажица или готварски шприц во тавата исцртајте палачинки во форма на срце. Штом на површината ќе забележите појава на меурчиња, палачинката превртете ја да се печи на другата страна. Како полесна алтернатива може да биде, да направите кружни форми од кои подоцна ќе исечете срца. Готовите палачинки во форма на срце, декорирајте по желба со џем од јагоди, шеќер во прав или свежо овошје како најдобар прилог. На здравје! 🙂
slc 6

Ви препорачуваме да прочитате: Енергетски чоколадни бомбици со кокос и овес без шеќер.

Сподели: