Палента – брза и лесна храна

Брзата и лесна за припрема палента е многу обожавана од поголем број луѓе токму поради тие карактиристики и исто така затоа што е вкусна. Погодна е за безглутенска и диетална исхрана, а супер се вклопува во разни комбинации и рецепти со свинко месо, зачинети стапчиња, со зеленчук итн.

Палента - брза и лесна храна

Потекло и достапност на палента

Палентата најчесто се прави од жолта пченка, а исто така може да се направи од бела пченка. Потекнува од Северна Италија од каде се раширила низ светот како погодна и лесна храна, па денес палентата може да ја уживаат луѓето од целиот свет. Лесно е достапна во огромен број на продавници, маркети и специјализирани продавници за здрава храна.

Припрема

Самата претходна обработка на пченката овозможува лесна и брза припрема на оброк од палента, а ако сакате да направите најдобра палента на која ќе може да ви завидуваат и која со гаранција ќе им се допадне на сите, кликнете тука. Свежо направената палента има пријатно кашеста конзистентнција, а од неа може да се прават и колачи за печење или пржење.

Здравствени и хранителни факти за палента

Корисна информација за сите кои патат од интолеранција на глутен или целијакија е дека палентата не содржи глутен и можат да ја консумираат во доволни количини.

Палентата е вкусна храна која содржи траги од минералите калциум, железо, магнезиум, фосфор, натриум и цинк. Витамините се наоѓаат во помала количина и тоа повеќе застапени се витамин Б, витамин А и витамин Е.

Сподели: