Печени печурки со лук и мајчина душица

Печени печурки со лук и мајчина душица

Ако сакате да се почестите себе и вашите пријатели со извонредно мезе, верувајте нема да зажалите ако изберете да го пробате нашиот рецепт за печени печурки со зачини. Лукот и мајчината душица имаат посебна арома која искомбинирана на овој начин му дава посебен шмек на јадењето.

Обожаваме печурки и ги приготвуваме на различни начини. Во пица, полнети или како додаток со друг зеленчук. Било како и да ги приготвите, важно е да додадете зачини за да го исполните нивниот вкус.

Печени печурки со лук и мајчина душица

Состојки:

  • 16 печурки
  • 3 лажици маслиново или растително масло
  • 2 чешлиња ситно сечкан лук
  • 3 лажици омекнат путер
  • 2 лажици сечкана мајчина душица
  • ½ мала лажичка лук во прав
  • 5 лажици лебни трошки
  • 1 ½ лажица сок од лимон
  • сол и црн пипер по вкус
  • рендан пармезан или кашкавал за поросување.

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
  2. Во тава на оган ставете го маслото да се загрее. Во жешкото масло ставете ги печурките и пропржете ги за 2 до 3 минути.
  3. Запржените печурки наредете ги во тава за печење, така што стебленцата ќе бидат насочени нагоре.
  4. Во мал сад измешајте ги путерот, лукот, мајчината душица, сокот од лимон и зачинете по вкус.
  5. Со помош на лажица врз секоја печурка ставете од смесата со путер и лук, а потоа наросете лебни трошки.
  6. Вака припремените печурки печете ги во загреана рерна за време од 15 минути, додека добијат убава златеста боја. На крајот, пооросете ги со рендан пармезан и продолжете со печењето уште 2 до 3 минути. Готовите печурки послужете ги со свежа салата по избор. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Италијански рецепт за рижото со печурки и бело вино.

Сподели: