Пилешко во бешамел сос

Пилешеко, печурки, бело вино и бешамел сос за фантастично вкусен ручек или вечера. Рецептот за пилешко во бешамел сос ни го испрати Даниела, па сега сите имаме можност да го дегустираме и да уживаме во богатиот вкус.

Одличен е како предлог за неделен ручек или кога сакате да се пофалите пред вашите пријатели, а сепак не сакате да готвите цел ден. Екстра ќе биде доколку го послужите со свежа зелена салата. Вкусно е, а веруваме дека на секој ќе му се допадне. Ајде да го пробаме!

пилешко во бешамел сос

Состојки:

  • 1 пиле
  • 1 главица кромид
  • 1 тегла печурки
  • 1 чаша бело вино
  • 1 лажичка сенф
  • 2 лажици брашно
  • 1 чаша млеко
  • 200 мл павлака
  • 200 грама кашкавал по желба
  • масло по потреба
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган со вода го ставаме пилето да се вари. Штом пилешкото е варено, тенџерето го тргаме од шпоретот, а месото го чистиме од коските.
  2. Кромидот и печурките ги сечкаме. Во тава на оган ставаме масло да се загрее. Во загреаното масло го додаваме сечканиот кромид. Штом кромидот омекни, во тавата ги додаваме печурките, кратко запржуваме и го додаваме белото вино. Оставаме сосот од печурки да се динста за време од 5 до 10 минути.
  3. Во тава ставаме масло да се загрее. Во загреаното масло го додаваме брашното и пропржуваме. Потоа го додаваме млекото и постојано мешаме со жица за матење за да се добие хомогена смеса без грутчиња. Во тавата постепено додаваме од водата во која се варело пилето и една лажичка сенф, и постојано мешаме за да добиеме густ бешамел сос. Рецептот за бешамел сос и постапката за да може најдобро да го направите, погледнете го тука.
  4. Во тава за печење ставете еден ред од пилешкото месо, а над него додајте го сосот од печурки. Потоа ставете го бешамел сосот, павлаката, а по желба може да наросите кашкавал. Тавата ставете ја во загреена рерна на 250 степени да се пече за време од 15 до 20 минути. Печеното пилешко во бешамел сос послужете го дека е топло. На здравје!

Рецептот го испратил: Даниела Димшовска

Ви предлагаме да прочитате: Пилешко месо во сос од печурки и вино.

Сподели: