Домашни пита лепчиња за гиро

Направете си домашни пита лепчиња за гиро по испробан рецепт. Пилешко, свинско – посебно атрактивно во летниот период, но и во текот на целата година доколку имате на дофат.

Сите уживаме во вкусот на убаво гиро, а она што го прави ова јадење посебно е токму питата која се топи во уста. А токму таков рецепт за домашни лепчиња за гиро сподели Лидија на нејзиниот блог Slatki Tajni.

лепчиња за гиро

Состојки:

  • 2 мали лажички сув квасец
  • 1 мала лажичка шеќер
  • 160 мл млако млеко
  • 80 мл вода
  • 320 грама брашно
  • 1 мала лажичка сол
  • 1 лажица маслиново масло
  • оригано или мајчина душица.

Подготовка:

  1. Во сад за месење се ставаат квасецот, шеќерот, водата и млекото. Се мешаат со лажица и се остава да квасецот да нарасне за време од околу 5 минути.
  2. Во садот се додаваат маслото и се меша. Потоа се додаваат брашното и солта и се меси меко тесто со миксер.
  3. Врз работната маса се посипува малку брашно и се премесува тестото со рака неколку минути.
  4. Се премачкува со маслиново или сончогледово масло. Се остава тестото во претходно намрсениот сад да нарасне за време од 40 минути.
  5. Штом тестото нарасне се става врз намрсена работна маса и се дели на 6 дела.
  6. На оган се става нелеплива тава да се загрее.
  7. Од секој дел се расукува кружна кора.
  8. Во тавата се става малку масло да се загрее. Потоа се става питата да се печи за време од 1 до 2 минути од секоја страна. Додека се печат корите се поросуваат со малку оригано.
  9. Печените пити за гиро се редат во чинија една врз друга. Пред да се послужат може повторно да се стоплат во намрсеното тавче. Готовите лепчиња за гиро се полнат со фил по желба. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска.

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за домашни арапски лепчиња.

Сподели: