Пица од лиснато тесто - тарт 1

Пица од лиснато тесто – тарт

Скоро и да не постои човек кој не обожава пица во буквална смисла на зборот! Овој пат имаме еден фантастичен предлог со подобрен вкус или подобро кажано пица од лиснато тесто. Па, кој би можел да одолее?

Нашата пријателка од блогот Kuhinjica Mignone ова прекрасно јадење уште го нарекува тарт од лиснато тесто, но пица си е пица, па ние го задржуваме тој опис. Како и да е, одлично е и неодоливо, пробајте и вие!

Пица од лиснато тесто - тарт 2

Состојки:

  • 250 гр лиснато тесто
  • 200 мл кисела павлака
  • 2 јајца
  • 100 гр рендан кашкавал
  • 100 гр шунка или сланина
  • 1 помала главица кромид
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Најпрво со помош на сукало истенчете го добро лиснатото тесто од сите страни.
  2. Кромидот исечкајте го на многу ситни коцки и пропржете го во малку масло.
  3. Во тавата каде се пржи кромидот, додајте ја сланината или шунката, исто така исечена на парчиња, за кратко да се пропржи.
  4. Во одделен сад, со помош на виљушка изматете ги јајцата, па измешајте ги со павлаката. Додајте го и ренданиот кашкавал и исечканата шунка или сланина која претходно малку сте ја пропржиле со кромидот.
  5. Рапоредете ги сите состојки по кората.
  6. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути и послужете додека е топло и пресно печено.

На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Крцкав чизкејк колач со лиснато тесто.

Сподели: