Посен и вегански рецепт за брускети со песто од пиперки 1

Посен и вегански рецепт за брускети со песто од пиперки

Насловот кажува доволно! Вкусно и полно со корисни хранливи материи. Превкусните брускети со песто од пиперки се лесно мезе и можност за уживање во убавите мигови со саканите.

Пробајте ги во прва прилика. Уживајте во закуската за време на домашно кино, за појадок или во дружбата со пријателите. Невена предлага само испробани идеи!

Посен и вегански рецепт за брускети со песто од пиперки 2

Состојки:

  • 600 гр црвени пиперки
  • 100 гр мелени ореви
  • 120 гр тофу сирење
  • 2 чешниња лук
  • 15-тина листови босилек
  • 30 мл маслиново масло
  • сол по вкус
  • 1 багет или леб по избор.

Подготовка:

  1. Пиперките испечете ги, оставете ги да се изладат, па излупете ги. Оставете да се исцедат од вишокот течност, а потоа ставете и во блендер.
  2. Додадете ги и останатите состојки. Тофу сирењето малку издробете го, а потоа додајте ги и мелените бадеми, лукчето, босилекот, маслото и сол по вкус. Изблендирајте ги за да се добие изедначена и мазна смеса.
  3. Добиениот песто намаз оставете го фрижидер убаво да се разлади и да се спојат вкусовите.
  4. Пред служење багетот или лебот кој сте го избрале исечете го на помали парчиња и попрскајте ги со маслиново масло и запечете ги на тостер или грил тава.
  5. Потоа со лажиче нанесете од пестото, посипете го малку со мелени бадеми и украсете ги со ливчиња босилек или магдонос.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Брзи домашни брускети со домати и босилек.

Сподели: