посен колач со јаболка

Посен колач со јаболка

Мек, сочен и посен колач со јаболка за секоја посна трпеза. Освен со јаболка, може да се направи со друго овошје по желба. Токму вака, Лидија ни го опиша овој преубав рецепт!

Кога сме кај десертите, можеме да кажеме дека нашите автори се едни од најкреативните. Постојано испробуваат нови рецепти, а оние најуспешните ги споделуваат со сите. Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме затоа што несебично го споделуваат нивното искуство. А доколку сакате да најдете повеќе рецепти од Лидија, посетете го нејзиниот блог Slatki Tajni.

посен колач со јаболка

Состојки:

  • 180 грама брашно
  • 75 грама густин (нишесте)
  • 220 грама шеќер
  • 3 лажички прашок за печиво
  • 250 мл врела вода
  • 2 лажички ванилин шеќер
  • 75 мл масло
  • 1 лажица сок од јаболко
  • 1 до 2 лажички цимет
  • 3 јаболка.

Подготовка:

  1. Две јаболка се лупат и се сечат на средно големи парчиња. Сечканите јаболка се ставаат во чинија и се мешаат со циметот.
  2. Третото јаболко се лупи и ренда. Ренданата смеса се става во цедилка или газа за да се исцеди сокот. Потребно е да добиете најмалку 1 лажица сок од јаболко.
  3. Од калапот за торта се отстранува обрачот. Потоа се обложува со хартија за печење. Обрачот се поставува и се премачкува со масло по краевите.
  4. Во длабок сад се ставаат брашното, густинот, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво. Состојките се мешаат со лажица. Во садот се додава маслото, сокот од јаболко и врелата вода. Смесата за колачот убаво се меша со миксер, лажица или жица за матење.
  5. Смесата се става во калапот, а одозгора се редат сечканите јаболка и внимателно се притискаат.
  6. Колачот се става да се пече во загреана рерна на 200 степени за време од 45 минути. Притоа се препорачува колачот да го печете во долниот дел на рерната.
  7. Печениот посен колач со јаболка се вади од тавата и се остава да се излади. Потоа се поросува со шеќер во прав и се служи. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска.

Ви предлагаме да прочитате: Едноставна посна торта со јаболка и ореви.

Сподели: