Посна чорба од леќа со суви пиперки 1

Посна чорба од леќа со суви пиперки

Ако не сте ја пробале леќата приготвена на овој навистина едноставен начин, не знаете што пропуштате! И нашите мајки подготвуваат многу слична посна чорба од леќа со суви пиперки. Традиционално уживаме во нејзиниот вкус, па кога го видовме рецептот на Кате, знаевме дека треба да го споделиме, затоа што вкусот е баш неодолив кога станува збор за чорба.

Ако сакате пак да пробате малку поинаква чорба, која исто така често се наоѓа на нашите трпези, ви предлагаме да го пробате рецептот за едноставна чорба од леќа со сувомеснато. Мирисот е одличен!

Посна чорба од леќа со суви пиперки 2

Состојки:

  • 250 гр леќа
  • 1 главица кромид
  • 1 главица лук
  • 2 суви пиперки
  • малку масло, брашно, мешан зачин, црвен пипер, црн пипер,
  • по желба нане
  • вода по потреба.

Подготовка:

  1. Во тенџере ставете ја леќата, кромидот, лукот и сувите пиперки, кои треба да бидат цели, само исчистени од семето.
  2. Налејте вода и оставете да се вари.
  3. Во текот на варењето по потреба додајте вода.
  4. Откако ќе се свари, извадете ги настрана кромидот, лукот и пиперките, испасирајте ги и вратете ги во тенџерето. На пиперките прво извадете им ги лушпите, па пасирајте ги.
  5. Направете запршка од масло, брашно и црвен пипер и запржете ја чорбата.
  6. Зачинете и додајте нане ако сакате да го надополните вкусот. Ние ја јадеме некогаш со нане, а некогаш и без него, тоа останува на вас, секако е многу вкусна.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Посна чорба од леќа.

Сподели: