Посни бомбици од суво овошје и лешници 1

Посни бомбици од суво овошје и лешници

За сите обожаватели на слатки вкусови, време е да откриеме нов и многу добар рецепт! Ако сакате да направите мала промена во десертното мени, овие посни бомбици од суво овошје и лешници се тоа што ви треба!

Од само 3 состојки, многу брзо, лесно и едноставно ќе имате супер посен десерт.

Посни бомбици од суво овошје и лешници 2

Состојки:

  • 200 гр суви кајсии или сливи
  • 200 гр лешници или ореви
  • 100 гр шеќер
  • малку вода.

За посипување:

  • кокос, мелени лешници/ореви или шеќер во прав, по потреба.

За сервирање:

  • хартиени корпички за колачи по желба.

Подготовка:

  1. Сувото овошје ситно исечкајте го или измелете го.
  2. Лешниците или оревите, зависно што ќе изберете, исто така ситно измелете ги.
  3. Земете малку вода и измешајте ја со шеќерот, во количина која е доволна да го стопи, а потоа оставете да зоврие.
  4. Во водата додајте го сувото овошје и лешниците, па оформете ги бомбиците.
  5. Оформените бомбици веднаш посипете ги во кокос, мелени лешници или ореви, или шеќер во прав.
  6. На крај, сервирајте ги. Може да ги ставите во хартиени корпички или на друг начин по желба.

Ви препорачуваме да прочитате: Посни баунти колачи.

Сподели: