Посни ванилици со лимон 1

Посни ванилици со лимон

Има периоди кога обожаваме да јадеме посно од разни причини, па повелете одличен и вкусен рецепт за посни ванилици со лимон! Се надеваме ќе уживате во секое залче!

Имаат арома на лимон, а по желба може да ги споите со мармалад и да направите да бидат уште поинтересни. Се прават супер лесно и баш брзо.

Посни ванилици со лимон 2

Состојки:

  • 300 гр маргарин на собна температура
  • 150 гр шеќер во прав за подготовка на колачиња
  • околу 500 гр брашно
  • сок од 1 лимон и ситно нарендана кора
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • мармалад по желба
  • шеќер во прав по потреба за посипување на колачите.

Подготовка:

  1. Во сад за месење ставете ги маргаринот, шеќерот во прав, брашното и ванилиниот шеќер, па измешајте.
  2. Додајте го и сокот од лимон и малку од наренданата кора од лимон, па добро измесете ја смесатата. Тестото треба да биде со средна тврдина и не треба да се дроби, ниту да се рони.
  3. Така припременото тесто покријте го со најлонска фолија и оставете го да стои околу 20 минути.
  4. Откако тестото се одморило, формирајте кора и со помош на калапи формирајте колачи со форма по желба.
  5. Наредете ги во плех, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и оставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, за време од 10 минути.
  6. Печените колачи треба да бидат со светла боја. Откако се изладат по желба залепете по 2 колачиња со мармалад и посипете ги со шеќер во прав. Ако пак не обожавате мармалад, само посипете шеќер во прав и уживајте во вкусот. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Ванилици со мармалад.

Сподели: