посни грицки со сончоглед и сусам

Посни грицки со сончоглед и сусам

Може да се каже дека не постои таков човек кој ги пробал, а не му се допаднале. Вкусот на нашите посни грицки со сончоглед и сусам ги освои трајно сите генерации. Кој пробал сигурно знае, а кој не пробал треба да знае дека многу пропушта.

Овие грицки се одлично мезе за со пиво, фантастична ужинка во било кое време од денот, идеални за носење на патување и за долги филмски вечери во домот. Уживање на милион начини!

посни грицки со сончоглед и сусам

Состојки:

  • 250 мл масло
  • 250 мл пиво
  • 250 гр сусам
  • 250 гр лупен сончоглед
  • 1 лажиче сол
  • 2 кесички прашок за печиво
  • брашно по потреба (околу три шолји).

Подготовка:

  1. Ставете ги сите состојки во поголем сад за месење и замесете ги. Тестото убаво се меси за добро да се соединат состојките.
  2. Потоа, со помош на сукало се формира кора со дебелина околу 1 см.
  3. Со помош на калапи се сечат форми од кората.
  4. Добиените форми се ставаат во намрсена тава со малку маргарин, а од тестото кое останува, се повторува истата постапка како претходно, се додека не се потроши.
  5. Формираните грицки се печат околу 20 минути на температура од 200 степени.

Сподели: