Посни пекарски кифли

Ако ви треба рецепт за посни пекарски кифли, вие сте на вистинското место. Ова се дефинитивно најдобрите посни пекарски кифли. Меки се и вкусни, а за да ни верувате пробајте ги и уверете се сами. Кифлите најчесто ги правиме празни, па секој подоцна ги филува по свој вкус, со ајвар или мармалад по желба.

Одвојте малку време, одете во кујната и израдувате го семејството со топли, меки кифлички.

посни пекарски кифли

Состојки:

  • брашно по потреба (околу 1 кг)
  • 1 коцка свеж квасец
  • 400 мл млака вода
  • 1 лажица сол
  • 2 мали лажички шеќер
  • 2 лажици киселина
  • 100 мл масло
  • 2 лажици сенф
  • сусам по потреба.

Подготовка:

  1. Во длабок сад за месење ставете ја водата, солта, шеќерот, киселината, маслото и коцката квасец. Измешајте ги состојките со лажица за да се растопи квасецот.
  2. Во садот постепено додавајте го квасецот и месете го тестото додека престане да се лепи врз рацете. Потоа, садот покријте го со кујнска крпа или фолија и оставете го тестото да нарасне за време од 10 минути.
  3. Тестото извадете го од садот, ставете го врз набрашнета површина и премесете го. Потоа, повторно вратете го во садот, покријте го со кујнска крпа и оставете го уште 10 минути.
  4. Нараснатото тесто поделете го на 16 делови (доколку сакате да добиете помали кифлички, тестото поделете го на повеќе делови). Од секој дел формирајте мали топчиња. Со помош на сукало од топчињата исучете овални кори. Во горниот дел од кората со помош на нож исечете тенки ленти со должина од 1 см. Од корите формирајте кифлички.
  5. Кифличките редете ги во тава обложена со хартија за печење и оставете ги уште 20 минути да нараснат.
  6. Во чинија ставете ги лажиците сенф, додајте малку вода и мешајте со лажица за да се добие хомогена течна смеса. Со смесата од сенф премачкајте ги кифлите и наросете сусам.
  7. Рерната загрејте ја на 250 степени. Во загреаната рерна ставете ги нараснатите кифлички и печете ги за време од 10 до 15 минути додека добијат убава румена боја.
  8. Печените посни пекарски кифли извадете ги од рерната, а тавата покријте ја со кујнска крпа. Оставете ги кратко време да се изладат, а потоа послужете ги. На здравје!

Сподели: