домашно селско лепче

Посно селско лепче со ржано и бело брашно

Домашно, топло и посно селско лепче! Најубаво и највкусно! Овој супер рецепт ни доаѓа од кујната на Лидија.

Подготовката е лесна, а од наведените состојки ќе добиете две лепчиња. Послужете ги со сирење додека се топли и уживајте во најдобриот вкус. Повеќе рецепти од Лидија може да најдете на нејзиниот блог Slatki Tajni.

посно селско лепче

Состојки:

  • 50 грама свеж квасец
  • 500 мл млака вода
  • 2 лажички сол
  • 2 лажици маслиново масло
  • 180 грама ржано брашно
  • 550 грама бело брашно.

Подготовка:

  1. Квасецот се дроби во подлабок сад со млаката вода и се меша добро за да се растопи. Во садот со квасецот се додаваат останатите состојки и се меси малку лепливо тесто.
  2. Тестото се враќа во садот и се покрива со кујнска крпа. Се остава да нарасне за време од 30 минути.
  3. Работната површина се поросува со брашно. Тестото се вади од садот и се премесува. Се дели на два дела. Од секој дел се прави кружен леб. Лепчињата се ставаат во тава обложена со хартија за печење, а потоа со нож се сечат од горната страна. Се оставаат да нараснат за време од 30 минути.
  4. Потоа се ставаат да се печат во загреана рерна на 250 степени за време од 15 минути, а потоа температурата се намалува на 180 степени и се продолжува со печењето уште 25 минути.
  5. Тавата се вади од рерна и се покрива со кујнска крпа за време од 5 до 10 минути. Топлото селско лепче се служи со џем, сирење или јадење по желба. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска.

Ви предлагаме да прочитате: Брзо лепче со ржано брашно.

Сподели: