Постигнете витка линија со 7 здрави намирници 1

Постигнете витка линија со 7 здрави намирници

Доколку сакате да изгледате совршено на најлудата ноќ или можеби долго време се мачите со вишокот на килограми, време е да направите некои измени во вашата храна. Како би реагирале ако ви кажеме дека не секогаш, патот до витка линија е преку строги и измачувачки диети кои најчесто ви носат само краткотрајни резултати? Најчесто сите диети се со бумеранг ефект, но доколку направите драстични измени во вашиот начин на исхрана резултатите можеби ќе бидат побавни, но долготрајни и без штетни последици по вашето здравје.

Клучот на убавата линија и доброто здравје се крие во правилниот и избалансиран начин на исхрана. Во продолжение ви претставуваме одредени намирници кои можат да ви помогнат во борбата со вишокот на килограми без да го загрозат вашето здравје.

Постигнете витка линија со 7 здрави намирници 2

Овошје

Наместо да пиете сок кој најчесто изобилува со шеќери и празни калории, подобро би било да посегнете по убаво, сочно јаболко. Целото овошје го намалува апетитот на начин на кој соковите не можат, а од друга страна изобилува со витамини и растителни влакна. Исто така, можете наместо грицки помеѓу оброци да јадете суво овошје кое има повеќе растителни влакна од свежото. Плус, џвакајќи, му праќате сигнал на вашиот мозок дека обилно сте јаделе, па ќе се чувствувате сити како да сте јаделе нешто покалорично.

Јогурт

Една студија која била спроведена на Харвард, следела повеќе од 120.000 лица во период од 10 години. Оние лица кои во својата исхрана консумирале и јогурт, најмалку страдале од прекумерна тежина, а оние кои веќе го имале тој проблем, откако започнале да го користат значително намалиле од тежината во однос на оние кои не пиеле. Нашиот избор во секојдневната исхрана обично е јогуртот на Млекара Здравје Радово со 3.2 % на масти, а кога сакаме да намалиме калорискиот внес во денот, набавуваме од функционалниот јогурт со 1% на млечна маст во својот состав.

Мешунки

Мешунките како гравот, грашокот и боранијата се одличен извор на протеини. Богати се со растителни влакна и долго се задржуваат во дигестивниот тракт, а воедно им е потребно повеќе време за варење. Тоа значи дека брзо ќе ве заситат и долго време по нивната консумација нема да чувствувате глад.

Може да ве интересира: 4 семиња за одлично здравје и витка линија.

Супа

Доколку го започнете вашиот оброк со супа, побрзо ќе се заситите, па големи се шансите дека ќе внесете помалку калории со главниот оброк. Супата треба да има помалку од 100-150 калории по порција, па затоа не додавајте павлака или путер во нејзиниот состав.

Темно чоколадо

Доколку сте и вие од оние лица кои не можат без благо, тогаш темното чоколадо е вистински десерт за вас. Но секако, и од него треба да се јаде ограничено само по неколку коцки. Во една студија, на една група љубители на чоколадо им дале да јадат темно чоколадо, додека на друга млечно. По неколку часа откако го изеле чоколадото, лицата кои го добиле темното чоколадо, јаделе за 15% помалку пица споредено со останатите испитаници.

Јајца

Појадокот кој изобилува со протеини несомнено ќе ве држи сити подолго време и така ќе ви помогне да се држите понастрана од грицките и другите нездрави закуски до ручекот.

Јаткасти плодови

Каснете јаткасти плодови, доколку имате голема потреба за грицки. Јаткастите плодови се одлична закуска за вас. Исто така, една студија покажа дека лицата кои место грицки избираат ореви, подоцна јадат многу помалку за време на главниот ручек.

Ви препорачуваме да прочитате: Брза проја со јогурт и сирење.

Сподели: