Потпечени модри патлиџани со кашкавал и домати

Сигурно досега немате пробано ваков специјалитет! Едноставно, а вкусно јадење за целото семејство. За денешниот ручек направете потпечени модри патлиџани со кашкавал и домати.

Вкусот потсетува на пица, а за тоа е заслужна прекрасната комбинација на модар патлиџан, босилек и домати, прелиени со растопен кашкавал. Веќе ви се допаѓа, зарем не? А штом го направите, пишете ни во коментар како ви се допаднало ова јадење.

потпечени модри патлиџани со кашкавал

Состојки:

  • 1 голем модар патлиџан
  • 3 големи домати
  • 100 грама Fetina сирење од Здравје Радово
  • ½ чаша свежи листови од босилек
  • сок од половина лимон
  • 2 чешниња лук
  • маслиново масло по потреба
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • 100 грама овчи кашкавал од Здравје Радово.

Подготовка:

  1. Модриот патлиџан исечете го на кругови или на ленти по желба. Парчињата модар патлиџан ставате ги во сад за цедење. Зачинете со сол и оставете го за време од 30 минути за да пушти течност.
  2. Рерната пуштете ја да се загрева на 200 степени.
  3. Потоа, модриот патлиџан попрскајте го со маслиново масло од двете страни и ставете го да се пече на скара. Печете го за време од 2 до 3 минути од секоја страна.
  4. Во блендер ставете ги босилекот, 4 лажици маслиново масло, чешнињата лук и малку сол. Блендирајте додека се добие хомогена смеса.
  5. Доматите исечете ги на парчиња со дебелина од 5 до 7 мм.
  6. Кашкавалот изрендајте го, а сирењето издробете го. Потоа измешајте ги со лажица за да се соединат.
  7. Тавата за печење намрсете ја. Прво наредете ги парчињата модар патлиџан и врз нив ставете од сосот од босилек. Додајте од смесата со кашкавал и сирење.
  8. Врз кашкавалот наредете ги сечканите домати. Додајте уште еден или два реда модар патлиџан, сос од босилек, кашкавал и сирење и домати. Попрскајте со маслиново масло, а по желба додајте рендан кашкавал.
  9. Тавата ставете ја да се пече во загреаната рерна за време од 15 минути.
  10. Потпечените модри патлиџани со кашкавал и домати послужете ги додека се топли. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Најдобриот рецепт за лазања со мелено месо и бел сос.

Сподели: