Похувани компири во рерна 1

Похувани компири во рерна

Ова е одлично посно јадење кои има преубав вкус! Сме навикнале и воопшто не е чудно да јадеме похувано месо, но ретко кој се сетил да подготви похувани компири. За да биде тоа полесно и на малку поздрав начин, одлучивме да ги пробаме печени.

Може да ве интересира: Похувани пилешки прсти со сусам и ленено семе.

Похувани компири во рерна 2

Состојки:

*за 4 лица

  • 800 гр компири (најдобро со средна големина)
  • 200 мл масло
  • 1 рамна лажица сол
  • 1 средно голем морков
  • 1 корен целер
  • 100 гр брашно
  • 50 гр лебни трошки
  • малку ситна црвена пипер.

Подготовка:

  1. Компирите излупете ги, измијте ги и ставете ги во сад со вода за да се варат. По желба исечете ги на крупни парчиња.
  2. Морковот и целерот исто така измијте ги и излупете ги. Исечете ги на ситни коцки, па ставете ги да се варат заедно со копмирите. Додајте сол и оставете да се варат 15-тина минути.
  3. Со помош на решетката лажица извадете ги компирите во друг сад.
  4. Припремете ја мешавината од брашното, лебните трошки и пиперта.
  5. Во сад за печење турете малку масло и намрсете ја тавата во која ќе се печат похуваните компири. Доколку сакате, може да ставите хартија за печење наместо масло.
  6. Секој компир прво извалкајте го во смесата со лебни трошки, а потоа наредете го во тавата за печење.
  7. Ако употребувате масло за намрсување на тавата, додајте и малку вода пред да ги ставите да се печат. Похуваните компири ставете ги да се печат во рерна која претходно сте ја загреале на 220 степени, за време од 10-15 минути.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 најчести грешки при похување на месо.

Сподели: