начини на користење на чиа семето

Правилни и погрешни начини на користење на чиа семето

Овие мали семки се права ризница на растителни влакна, протеини, антиоксиданси и омега 3 масни киселини. Меѓутоа, не е сеедно на кој начин ги консумирате. Ви претставуваме кои се правилни, а кои се погрешни начини на користење на чиа семето. 

Погрешен начин на користење на чиа

Погрешен е начинот да проголтате лажичка чиа семе, а потоа да се напиете чаша вода. Овој начин на консумација може да доведе со проблеми со голтањето и интензивни проблеми со варењето на храната.

употреба на чија семе

Правилни начини на консумација на чиа

За да може максимално да се искористат здравствените придобивки од чиа семето, потребно е пред консумација да го потопите во вода или некоја друга течност.

Кога чиа семките се остават некои време да стојат во вода ќе забележите дека го зголемуваат својот волумен и постануваат желатинозни, пуштајќи слузнава материја околу себе. Тоа им овозможува многу полесно да поминат низ органите за варење. Освен тоа, кога се консумираат на овој начин, чиа семките даваат поголемо чувство на ситост, затоа што продолжуваат да го зголемуваат волуменот и кога достигнуваат во органите за варење.

Може да ве интересира: Чиа овошна салата.

Некои други истражувања покажале дека консумирањето на мелени чиа семки овозможува да се искористи многу поголема количина на растителните омега 3 масни киселини него кога чиа семето се консумира цело.

Освен само потопени во чиста вода, чиа семките може да се користат во различни освежувачки пијалак, може да се додаваат во јогурт, утрински мусли како и различни рецепти за овошни пудинзи. Исто така може да се додадат во здрави мафини.

Енергетски напиток со чиа семе

Еве еден предлог за утрински напиток кој е посебно добар во лето или пред тренинг, затоа што е полн со разни хранливи материи и електролити. Можеби не е посебно вкусен, но исклучително е хранлив и здрав.

Во чаша со кокосова вода додајте една лажичка чиа семе, половна лажичка спирулина и половина лажичка пченична трева во прав. Измешајте ги сите состојки и оставете ги неколку минути додека семките постанат желатинозни. Потоа испијте го напитокот.

Ви предлагаме да прочитате: Чиа семе за здравје во иднина.

Сподели: