праз

Праз – зеленчук за силен имунитет и долг живот

Дали знаете дека освен што е вкусен и хранлив, празот спаѓа во групата нискокалорични зеленчуци кој содржи 90% вода, а во 100 грама има само 31 калорија?

Јадете праз и зајакнете го имунитетот

Белиот дел, односно главицата на празот изобилува со природни шеќери, фруктоза и сахароза, па затоа има малку сладок вкус. Зелениот дел, односно стеблото и перјата на празот содржат витамини и активни супстанци кои се значајни за зајакнување на имунитетот, па од таа причина препорачливо е да се јаде повеќе праз во текот на есента и зимата, со цел да се заштити организмот од вируси. Од минералите, празвот најповеќе содржи манган и натриум, а од витамините K и А. Покрај тоа, празот е познат диуретик, а тоа значи го поттикнува излачувањето на токсините од организмот.

праз

Праз за добро здравје

Според голем број медицински истражувања, докажано е дека помага при алергија, анемија, астма, атеросклероза, болести на срцето и крвните садови, бронхитис, зголемена телесна тежина, губење на апетит, депресија, импотенција, камен во бибрези, превенција и лечење на рак, неплодност, зголемено ниво на холестерол и масти во крвта, настинка и грип и проблеми со тероидна жлезда.

Најдобро е да се јаде свеж, како додатoк во салати, но може и кратко да се динста, да се додава во чорби и солени пити. Неговата примена е идеална во комбинација со мрсни јадења бидејќи е богат со целулоза, го олеснува варењето на храната и го стимулира празнењето на цревата.

Сподели: