Претворете ги пластичните шишиња во висечка градина 1

Претворете ги пластичните шишиња во висечка градина

Некои од нас живеат во куќи, а некои во станови, но секој од нас може да го испроба овој предлог! Овој текст го пишуваме за сите љубители на зачински и декоративни растенија, бидејќи секој може да го искористи според најдобриот  начин за неговиот простор. Наместо да ги фрлате пластичните шишиња, изберете погоден ѕид  и претворете го во украсна и корисна висечка градина.

Не е неопходно да имате огромен ѕид за да го изведите ова домашно рекреирање. Потребна ви е малку слободна површина во вашиот стан, на терасата или зад куќата во дворот, било каде можете да ја направите својата вертикална висечка градина и да уживате во нејзините плодови.

Претворете ги пластичните шишиња во висечка градина 2

Како да стигнете до вертикална висечка градина?

Искористете ги пластичните шишиња од литар и половина или од 2 литри и надолжно исечете отвор во облик на правоаголник. Потоа со помош на типли и малку коноп или жици прицврстете ги шишињата. Претходно предлагаме да издупчите неколку отвори на долната страна за да може земјата да се дренира, односно да се цеди вишокот на вода. Изберете погодна земја и наполнете ги, а потоа засадете ги растенијата кои ги обожавате. Околу квалитетот на земјата и засадувањето најдобро да се консултирате со стручни лица, а обично продавачите на тие нешта ги имаат потребните одговори. За да ви биде полесно да го разберете концептот на идејата кликнете тука да погледнете неколку примери.

Освен што е декоративна, ваквата висечка градина е супер корисна и ќе ве снабди со свежи состојки кои може да придонесат за богат вкус на многу јадења!

Ви предлагаме да прочитате: Како да засадите лимон од семе?

Сподели: