Пржени похувани тиквички со либанско макало 

Обожаваме кога дегустираме нови јадења и ја откриваме интернационалната кујна. Сега, благодарение на Лидија ќе може да пробаме пржени похувани тиквички сервирани со либанско макало.

Тиквичките често се наоѓаат на трпезите во пролетните и летните денови. Едноставно се приготвуваат и имаат добар вкус. Печени, пржени или како мусака се добредојдени на секоја трпеза.

пржени тиквички

Состојки:

  • 1 до 2 тиквички
  • 2 до 4 јајца
  • брашно по потреба
  • лебни трошки по потреба
  • масло
  • сол по вкус
  • мелен црн пипер по вкус.

За макало:

  • 2 до 3 чешниња лук
  • 2 белки
  • 300 мл масло
  • 1 лажица ладна вода
  • сол по вкус
  • 1 мала лажица сок од лимон.

Подготовка:

  1. Прво се приготвува либанското макало. Лукот се ренда во помал сад.
  2. Во сад за матење се ставаат белките и се матат со миксер додека се добие пена. Во садот со белките се додава лукот и постепено по 50 мл се додава маслото. Се продолжува со матење додека се потроши целото масло.
  3. На крајот се додава ладната вода, сокот од лимон, солта и се меша убаво. Либанското макало се чува во фрижидер до служењето.
  4. Тиквичките се лупат и се сечат на кругови.
  5. Брашното се става во чинија и се зачинува со сол и мелен црн пипер. Во друга чинија се ставаат лебните трошки. Во трета чинија се матат јајцата со виљушка.
  6. Тиквичките се валкаат во брашното, потоа во јајцата и на крај во лебните трошки. Вака приготвените тиквички се пржат во нелеплива тава со загреано масло, додека добијат убава боја. Пржените тиквички се вадат врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло. Топлите пржени похувани тиквички се сервираат со либанско макало. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Посни пржени тиквички со прелив од лук.

Сподели: