Природен сируп за смирување на сува кашлица 1

Природен сируп за смирување на сува кашлица

Ако подолго се соочувате со сува кашлица и имате проблем со грлото, а сметате дека можете да си помогнете сами, не сте можеле да отидете на лекар или преферирате прво да пробате со домашно лекување, имаме за вас еден предлог за природен сируп за смирување на сува кашлица кој може да го пијат и мали деца.

Подолу може да го прочитате рецептот. А, бидејќи станува збор за тема која е актуелна деновиве, повелете уште неколку природни и домашни начини за помош:

Природен сируп за смирување на сува кашлица 2

Состојки:

  • 200 гр шеќер
  • 300 мл вода
  • 6 ловорови листа
  • 7 прстофати жалфија
  • 1 лажица бел слез
  • 1 лажица камилица
  • 2 см свеж корен од ѓумбир
  • 1 стапче цимет.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Шеќерот ставете го во сад на оган со ниска температура, додека добие кафеавкаста нијанса.
  2. Додајте ја водата и мешајте додека шеќерот се стопи потполно.
  3. Ѓумбирот излупете го, изрендајте го и додајте го во садот.
  4. Додајте ги и останатите состојки, па оставете да врие околу 3 минути.
  5. Тргнете го садот на страна и оставете течноста да се излади, па процедете ја за да добиете густ сируп без ронки. Турете го во стаклена тегла чувајте го во фрижидер.
  6. Се препорачува возрасните да консумираат од овој сируп по една лажица, неколку пати дневно, додека децата по една мала лажичка, исто така неколку пати дневно.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 природни сирупи кои помагаат при кашлица.

Сподели: