Природен тоник против надуеност 1

Природен тоник против надуеност

Една од најчестите причини за надуеност е голтањето на воздух за време на јадењето. Тоа обично се случува поради брзо јадење или недоволно џвакање на храната. Предлагаме да го пробате домашниот и природен тоник против надуеност.

Надуеноста на цревата е предизвикана од бактерии и тоа се јавува поради пореметување на балансот на цревната микрофлора. Процентот на корисните бактерии во цревата се намалува во услови на земање на антибиотици, поради прејадување или интолеранција на лактоза. Ако ве интересира кои намирници помагаат против надуеност кликнете тука и прочитајте.

Природен тоник против надуеност 2

Рецептот за природниот лек против надуеност е следниот

Состојки:

  • 1 шолја вода
  • малку мелен ѓумбир
  • малку мелен ким
  • прстофат морска сол
  • 1/2 лажичка коморач.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Најпрво ставете ја водата во сад на оган и оставете ја да зоврие.
  2. Во водата која врие додајте ги сите останати состојки. Варете околу 5 минути.
  3. Оставете течноста малку да се излади и тоникот е спремен за пиење. Топлиот тоник може да го пиете секогаш кога чувствувате подуеност во стомакот, а надуеноста би требалода исчезне во рок од неколку минути.

Ви препорачуваме да прочитате: Како од ѓумбир да направите напиток против надуеност?

Сподели: