грчеви во нозете

Природни лекови против грчеви во нозете

Мускулните грчевите се карактеризираат со ненадејна, неконтролирана контракција на некој мускул, што се чувствува како силна болка. Најчесто се јавуваат во мускулите кои поврзуваат два зглоба, како што се листовите кои ги поврзуваат глуждовите и колената, мускулите на бутините и квадрицепсите (ги поврзуваат колената и колковите).

Грчевите обично траат само неколку секунди, а понекогаш е потребно повеќе минути додека контракцијата престане, со што се смирува и болката.

Што предизвикува грчеви во нозете?

Најчестите причини кои доведуваат до појава на грчеви во нозете се:

  • дехидрација
  • недостаток на минерали
  • напорно вежбање и уморни мускули
  • повреди
  • слаба циркулација
  • прекумерна телесна тежина
  • несакани ефекти од консумација на одредени лекови.

Природни лекови против грчеви во нозете

Пијте течности

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Недостатокот на вода освен грчеви во нозете може да доведе и до замор, главоболка, вртоглавица, сува уста и друго. Затоа пијте најмалку три полни чаши вода дневно, а задолжително и една пред спиење. За време и по вежбањето исто така, пијте многу течности.

Јаболкова киселина и мед

Во една чаша млака вода додадете една лажичка мед и две лажички јаболкова киселина, промешајте добро и потоа испијте ја.

Јадете банани и компири

Ако често страдате од грчеви во нозете, можно е да имате недостаток на магнезиум, калциум и калиум. Внимавајте повеќе на исхраната и редовно консумирајте банани, компири, спанаќ, семки од тиква, млечни производи, суво овошје, свежо цедени сокови од портокал и грејпфрут, печурки, риби, сардини, тофу и сусам.

грчеви во нозете

Кој е најдобриот начин да ги сопрете грчевите во нозете?

Притисок врз згрчениот мускул

Притиснете го згрченото место со тупаница или со палецот во интервал од петнаесет секунди. По ваквата постапка грчот исчезнува.

Истегнете се

Истегнувањето може да ги релаксира мускулите. Покрај тоа, добро е да се прошета (се разбира ако е тоа возможно), особено ако се работи за грч во бутот. Доколку грчот е во листот, тогаш со помош на рацете стапалото протегнете го нагоре не потпирајќи се на подот.

Опуштете се во када со топла вода

Истуширајте се со топла вода или направете топла бања. Топлата вода помага во релаксирањето на мускулите и  ублажувањето на грчевите.

Ако грчевите во нозете ви се јавуваат често и се подолготрајни, најдобро е да се консултирате со лекар.

Сподели: