Протеинско смуди со боровинки за слабеење

Направивме супер комбинација за утринско смуди кое ќе ви даде енергија, а воедно ќе го нахрани вашиот организам со многу хранливи состојки. Ова протеинско смуди со боровинки ќе ве засити и освежи. Освен тоа може да ви помогне за намалување на килограмите или одржување на витката линија на телото.

Подготовката е брза и едноставна, а на вас останува да ги набавите состојките и да си приготвите овошен еликсир. Од наведените состојки ќе добиете две чаши смуди, па по желба може да ги намалите или зголемите состојките.

протеинско смуди со боровинки за слабеење

Состојки:

  • 1 чаша изладен Slim Line Tea (може да го купите преку онлајн продавницата на Slim Line Club или јавете се на телефоните: 078 215 929 и 02 270 0028.)
  • 1 чаша незасладено кокосово млеко (може да го направите сами од кокосово брашно)
  • 20 грама SLC Meal Replacement – Ванила (може да го купите преку онлајн продавницата Slim Line Club или јавете се на телефоните: 078 215 929 и 02 270 0028.)
  • ½ чаша свежи или замрзнати боровинки
  • ½ чаша млад спанаќ
  • 2 лажици мелено ленено семе или чија семе
  • 1 лажица кокосово масло
  • 2 лажички стевија во прав
  • ½ мала лажичка мелен цимет
  • 8 коцки мраз.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ги изладениот чај, кокосовото млеко, SLC Meal Replacement – Ванила, боровинките, спанаќот, меленото ленено семе, маслото, стевијата, циметот и мразот. Миксирајте додека се добие хомогена смеса.
  2. Готовото протеинско смуди со боровинки ставете го во две чаши и послужете го веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Протеинско смуди со јагоди и кокос.

Сподели: