Протеинско смуди со јагоди и кокос 1

Протеинско смуди со јагоди и кокос

Време е за супер освежително смуди кое ќе ве најаде и ќе ви даде енергија за убав почеток на денот! А освен за појадок ова протеинско смуди може да биде и вкусна ужина или напиток кој може да го консумирате пред тренинг.

Во соработка со нашите пријатели Slim Line Club го направивме овој многу вкусен рецепт, па со задоволство го споделуваме со вас. Она што најмногу ни се допадна при подготовка на ова смуди е лесниот, освежителен вкус. Така може да кажеме дека ова смуди со јагоди е едно од нашите омилени. Не содржи шеќер, а изобилува со хранливи состојки. Во една порција од смудито со јагоди има 152 калории, 25 грама јагленохидрати, 7 грама масти и 2 грама протеини.  

Протеинско смуди со јагоди и кокос 2

Како дел од главните состојки е SLC Meal Replacement-от од јагода. Тој е вкусен и хранлив заменски нискокалоричен напиток богат со протеини, растителни влакна и неопходни витамини и минерали. Дава ситост и намален апетит, ја зголемува желбата за вода и го помага варењето на храната, а дополнителни и интереси информации за него може да погледнете и од видео линкот. Уживајте во шејкот како оптимален доручек, ручек или вечера за ефикасна контрола на тежината. Истиот може да го купите преку онлајн продавницата или на телефонските броеви 078 215 929 и 02 270 0028.

Протеинско смуди со јагоди и кокос 3

Состојки:

  • 3 лажици SLC Meal Replacement од јагоди (може да го купите тука)
  • ½ банана
  • 1 чаша свежи или замрзнати јагоди
  • 1 чаша кокосово млеко (може да го направите сами)
  • 1 лажица кокосови струготини или кокосово брашно.

Подготовка:

  1. Бананата ја лупиме и ја сечеме на кругови со ширина од 5 мм. Парчињата банана ги ставаме во ќеса за во замрзнувач. Потоа, бананата за замрзнуваме за време од 30 минути или повеќе.
  2. Во блендер ги ставаме кокосовото млеко, SLC Meal Replacement-от од јагоди, замрзнатата банана, свежите јагодите и кокосовите струготини. Миксираме за време од 30 секунди или повеќе додека се добие хомогена смеса.
  3. Готовото протеинско смуди со јагоди и кокос го служиме веднаш. На здравје!
Протеинско смуди со јагоди и кокос 1а

Ви предлагаме да прочитате: Освежително смуди од јагоди.

Сподели: