чудотворната икона

Прошетка до Колешински водопади, чудотворната икона во Струмица и црквата „Св. Троица“ во Радовиш

Струмичкиот крај е познат по недопреното богатство на планината Беласица, восхитувачката убавина и пријатното жуборење на Колешинските водопади. Во последниот период се случи и нешто ново интересно за христијанските верници, а бидејќи голем број луѓе посакаа да ја посетиме чудотворната икона во Струмица, не би можеле да ја изоставиме. На крај ќе одиме во Радовиш и ќе уживаме во грандиозната градба на црквата „Св. Троица“ која го одбележа градот и му носи многу посетители.  

Повелете и придружете ни се на нова прошетка, заедно да креираме ново доживување. Секој ден е подарок, па да го искористиме она што ни го нуди животот!

колешински водопади

Совршена природа, вредна да се види и да се посети…

Колешино е село над кое има посебен природен украс од зеленило и прекрасна природа со водопад кој ние го нарекуваме со „скокчиња“.  Реката која тече таму е наречена Баба, а ние ќе го посетиме баш местото каде таа прави неколку интересни слапови кои се вистинска атракција за нас како посетители. Тука водата паѓа од висина од 19 метри и повторно би рекле, мора да се види и доживее за да се почувствува убавината. Она што се гледа од фотографиите е неспоредливо убаво ако го слушните и видите со „гоко“ око!

По патот има уште многу да се види и фотографира, местенца за одмор и застанување. Гарантирано уживање колку пати и да одите!

Чудотворната икона која лани му го врати говорот на младиот струмичанец, се наоѓа во храмот на Светите 15 Тивериополски Свештеномаченици во Струмица. Се нарекува брзопомошничка или брзопослушничка, и секој што ќе се помоли и ќе се обрати со молба за помош, нема да изостане со својот одговор и со своето исцеление, велат свештениците. А во Струмица ќе имаме можност за разглед на градот и дегустација на храна.

Најпре­поз­нат­лив бе­лег на Радовиш е цр­ква­та „Светa Тро­и­ца“, ко­ја е со­бор­на цр­ква во градот. Сме­сте­на е на бу­ле­ва­рот Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски, со­би­ра 600 вер­ни­ци и прет­ста­ву­ва еден од нај­у­ба­ви­те и нај­бо­га­ти пра­вос­лав­ни хра­мо­ви на Бал­ка­нот и по­ши­ро­ко. Ра­до­ви­ша­ни со по­чит го­во­рат за неа и се гор­де­ат. Ка­мен-те­мел­ни­кот за оваа цр­ква бе­ше по­ста­вен на 29 април 1997 го­ди­на, а бе­ше осве­те­на на 12 октом­ври 2003 го­ди­на, од ар­хи­е­пи­ско­пот охрид­ски и ма­ке­дон­ски г.г. Сте­фан со си­те ар­хи­е­реи на МПЦ-ОА. Кти­тор на цр­ква­та е Ри­сто Гу­ште­ров.

Резервирајте додека има место, бројот е ограничен! Поаѓањето е во 07:00 часот, пред Спортската сала „Младост“, Битола, на 21.05.201година. Вашето место може да го резервирате најкасно до 18-ти Мај или додека има слободни места. Превозот ќе биде со високотуристички автобус од МИГ Травел, а за реализација на патувањето се потребни минимум 45 патници. Цената на превозот изнесува 550 денари. За повеќе информации и резервации, контактирајте нѐ на 075 861 907, секој работен ден од 10 до 17 часот.

*Комерцијален текст

Сподели: