Рататуј на скара

Рататуј е традиционален француски специјалитет, чие име во превод значи мешана разновидна храна. Станува збор за лесен медитерански оброк, кој брзо се прави и е одличен начин да го искористите и изедете здравиот зеленчук. Се приготвува на различни начини, а сега имате можност да дегустирате рататуј на скара.

Приготвениот рататуј можете да го сервирате топол, како ручек или здрава лесна вечера. Посно, вегетаријанско и без глутен!

рататуј на скара

Состојки:

  • 2 големи црвени домати, сечени на кругови
  • 1 црн домат, сечен на тенки ленти
  • 1 црвена пиперка
  • 1 тиквичка, пресечена на половина, па на ленти
  • 1 главица кромид или 2 млади кромитчиња
  • малку маслиново масло за мачкање
  • ливчиња босилек, коријандер или магдонос по потреба (околу 30 грама).

За сос:

Подготовка:

  1. Припремете ја и загрејте ја скарата на средно висока температура.
  2. Во поголем сад ставете ги лимоновиот сок, маслото, киселината, босилекот, шеќерот и солта, па измешајте ги.
  3. Зачинете со црн пипер по вкус.
  4. Исечканиот зеленчук намачкајте го со маслиново масло и ставете го на скарата да се печи. Печете го додека омекне за време од 6-8 минути.
  5. Притоа обрнете внимание на доматите и кромидот, затоа што се печат релативно многу брзо.
  6. Печениот зеленчук исечкајте го и ставате го во чинија. Во чинијата ставате го преливот со лимоновиот сок и измешајте.
  7. Декорирајте со листови свеж босилек или друг зачин по желба. На здравје!

Препорака: Предложениот оцет балсамико од Модена 500 мл, е добиен од високо квалитетно одбрано грозје, со специфичен начин на производство и има темно-црвена боја. Станува збор за одбран квалитет на грозје и префинет вкус, од кој реномирана италијанска компанија од Модена направи високо квалитетно балсамико под брендот Фила. Ако сакате да дознаете повеќе или сакате да го набавите онлајн кликнете тука.

Ви предлагаме да прочитате: Печен специјалитет од црни патлиџани во сос – италијанска пармиџана.

Сподели: