Домашна супа за силен имунитет

Рецепт за домашна супа за силен имунитет

Независно од сезоната, организмот е подложен на различни влијанија кои можат да доведат до слабеење на неговите одбранбени механизми и појава на слаб имунитет. Но, има нешто што може да направите во врска со тоа.

Дома и од лесно достапни состојки, направете си домашна супа која навистина помага да имате силен имунитет. Тоа ќе ви помогне да превенирате одредени заболувања на организмот и да се заштитите од влошување на обичните настинки и секојдневните здравствени тегоби.

Домашна супа за силен имунитет

Состојки:

  • 50 чешниња лук (околу 5 главици, исчистени и излупени)
  • 2 лажици путер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 големи главици кромид (сечкани на коцки)
  • 1 лажица сечкана свежа мајчина душица
  • 6 чаши пилешка бистра супа
  • 1 китка од свежи билки – магдонос, мајчина душица, ловоров лист (или 2 лажици мешан зачин)
  • 3 чаши бајат леб исечен на коцки
  • 1 чаша изматена неутрална павлака
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Исчистете ги и излупете ги чешнињата лук, налејте ги со маслиново масло и завиткајте ги во алуминиумска фолија.
  2. Вака подготвениот лук печете го во тава, околу 90 минути, во загреана рерна на 180 степени.
  3. Оставете го да се излади.
  4. За тоа време, во тенџере на средна температура загрејте ги маслиновото масло и путерот, а во нив динстајте го исечканиот кромид околу 10 минути.
  5. Веќе изладениот печен лук извадете го од фолијата и додадете го во динстаниот кромид.
  6. Промешајте, додадете ги свежата сечкана мајчина душица, бистрата супа и китката со свежи билки или мешаниот зачин.
  7. Намалете ја температурата, па додадете ги парчињата леб и оставете да врие околу 5 минути, додека лебот не омекне.
  8. Доколку сте ставиле китка со свежи билки, сега е време да ја извадете од тенџерето, а добиената супа да ја измиксате во блендер додека не добиете полукремаста смеса.
  9. Вратете ја супата во тенџерето и додадете ја крем павлаката, а по вкус ставете сол и црн пипер.

Сподели: