Рецепт за вегетаријански ориз со спанаќ - посно 1

Рецепт за вегетаријански ориз со спанаќ – посно

Кога ќе ја отвориме страницата на Лидија, знаеме што не очекува. Неизмерно уживање, се разбира! Така го откривме и овој нејзин рецепт за вегетаријански ориз со спанаќ. Чинија полна вкуснотии и убавини!

Не секогаш е потполно лесно посното или вегетаријанското мени, за правење на вкусни оброци. Па, оваа прилика е идеална за да ве запознаеме со еден испробан и навистина добар рецепт. Едноставно за подготовка и создадено за уживање на целото семејство.

Рецепт за вегетаријански ориз со спанаќ - посно 2

Состојки:

  • 1 килограм свеж спанаќ
  • 200 грама ориз
  • 50 милилитри масло
  • 1 главица кромид
  • 1 страк праз
  • 1 лажица пире од домати
  • 150 грама домати
  • 200 милилитри топла вода
  • сол, црн пипер и копар по желба
  • свежо цеден сок од 1/2 лимон.

Подготовка:

  1. Кромидот и празот, излупете ги, измијте ги и ситно исечкајте ги.
  2. Спанаќот измијте го и исечкајте го.
  3. Во тенџере, во кое ќе го припремате јадењето, загрејте го маслото, па додајте ги сечканите кромид и праз. Пржете неколку минути, па додајте го и сечканиот спанаќ.
  4. Оризот измијте го, а доматите изрендајте ги. Потоа додајте ги во тенџерето.
  5. Исто така додајте го и пирето од домати, зачините и водата, па оставете да се вари на тивок оган, додека оризот е готов.
  6. По потреба се додава вода и повремено се меша за да не загори оризот.
  7. Доколку е потребно, повторно се зачинува со сол и црн пипер, се прска малку со сокот од лимон и се сервира. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com.

Ви препорачуваме да прочитате: Вегетаријански ќофтиња од ориз и спанаќ.

Сподели: