Рецепт за посни рафаело бомбици со гриз

На љубителите на кокос, рафаело бомбиците им се сигурно омилениот десерт. А ние постојано истражуваме во кујната и испробуваме нови рецепти. Овој пат приготвивме посни рафаело бомбици со гриз на кои никој нема да остане рамнодушен.

Потребни ви се 15 минути да ги припремите, а се подеднакво вкусни како и рафаело бомбиците кои се приготвуваат со млеко. Направени со кокосово масло за уште подобар вкус!

посни рафаело бомбици со гриз

Состојки:

  • 200 мл вода
  • 200 гр шеќер
  • 100 – 150 гр гриз
  • 150 гр кокос
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 40 потпечени лешници
  • 3 лажици кокосово масло.

За валкање:

  • 50 гр. кокос.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете ја водата, шеќерот и ванилиниот шеќер да се варат. Штом шербетот зоврие во тенџерето додајте го гризот. Мешајте додека смесата се згусти. Потоа, тенџерето тргнете го од огнот.
  2. Додајте го кокосовото масло и постепено додавајте од кокосот. Потребно е да добиете средно мека смеса.
  3. Од смесата формирајте мало топче, потоа притиснете го со прстите и во средината ставете лешник. Повторно формирајте бомбица и испрпелајте ја во кокосово брашно. Постапка повторете ја додека смесата се потроши.
  4. Припремените посни рафаело бомбици со гриз сервирајте ги во хартиени корпички, а може да ги чувајте во фрижидер или да ги замрзите.
  5. Поканете ги вашите најблиски и заедно уживајте во десертот. Пријатен апетит!

Ви предлагаме да прочитате: Посни Рафаело бомбици.

Сподели: