Рецепт за слатко од круши 1

Рецепт за слатко од круши

Ако сакате да си подготвите мала доза на радост, вие го читате вистинскиот рецепт! Лидија е одлична во она што го прави, а такво е и ова слатко од круши и ванила! Превкусно е, со арома која остава впечаток кој трае. Нешто што е добро да се проба.

Крушите се добар извор на растителни влакна, кои имаат лековито влијание врз дигестивниот и кардиоваскуларниот систем. Интересно е тоа што крушите содржат повеќе пектин од јаболката. Растителните влакна во синергистичко дејство со минералниот бакар ја подобруваат активноста на дебелото црево и на тој начин спречуваат запек, со што го штитат здравјето на дебелото црево и го намалуваат ризикот од рак.

Рецепт за слатко од круши 2

Може да ве интересира: Ароматичен џем од круши.

Состојки:

  • 500 гр круши
  • 180-200 гр шеќер
  • 100 мл вода
  • 2 лажички ванилин шеќер.

Подготовка:

  1. Крушите се мијат и се лупат, а потоа се сечат на покрупни парчиња.
  2. Потоа, во сад на оган се ставаат сите состојки. Се варат на средно висока температура, додека слаткото се згусне, а крушите омекнат. Слаткото се става во чисти, стерилни и топли тегли. Добро се затвора и се чува на поладно место.

Едноставно и лесно ќе имате многу убаво слатко. Совршено за домашни и за гости!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен компот од круши.

Сподели: