Рецепт за тулумби со гриз

Не дека ги фалиме, но навистина нашите автори се експерти во кујната. Овој пат, Лидија ни приготви супер рецепт за тулумби со гриз. Колку убаво изгледаат, нели?

Тулумбите се сладок десерт широко распространет во сите традиционални слаткарници во Македонија и пошироко. Се прават од пржено тесто кое потоа се потопува во шербет. Овој потурен десерт потекнува од Анадолија.

рецепт за тулумби со гриз

Состојки:

  • 500 мл вода
  • 100 гр путер
  • прстофат сол
  • прстофат шеќер
  • 450 гр брашно
  • 3 лажици гриз
  • 1 лажица густин
  • 4 јајца
  • 600 мл масло за пржење.

За шербет:

  • 500 мл вода
  • 700 гр шеќер
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажичка ванилин шеќер.

Подготовка:

  1. Во тенџере се ставаат сите состојки за шербетот. Тенџерето се става на оган на умерено висока температура. Повремено се меша со лажица и се остава шербетот да зоврие.
  2. Штом течноста зоврие, се продолжува со варењето уште неколку минути, додека шеќерот целосно се растопи. Тенџерето се трга од огнот и се остава шербетот да се излади.
  3. Во поголемо тенџере на оган, се ставаат водата, путерот, солта и шеќерот. Растворот се меша со лажица за да се растопи путерот.
  4. Тенџерето се трга од огнот и веднаш се додава брашното. Се меша со дрвена лажица за да се добие меко тесто. Тестото се остава да се излади.
  5. Во изладеното тесто се додаваат густинот и гризот. Јајцата се додаваат едно по едно, додека тестото се мати со миксер. Важно е тестото да биде добро изматено пред да го додадете секое од јајцата.
  6. Во шприц или калап за тулуми се става од приготвената смеса.
  7. Маслото се става во подлабокото тенџере на оган и се остава да се загрее. Тоа треба да биде млако, а никако не смее да биде врело, затоа што тулумбите нема да може добро да се извријат.
  8. Со помош на шприцот се формираат тулумбите и истите се сечат со намрсена кујнска ножица, така што треба да паднат во загреаното масло.
  9. Пржените тулумби веднаш се ставаат во ладниот шербет. Се остават околу 2 минути за убаво да впијат од шербетот. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска.

Ви предлагаме да прочитате: Испробан рецепт за домашни тулумби.

Сподели: