цвекло во тегли

Рецепт за цвекло во тегли

Цвеклото мами со впечатливата боја која секого го става во искушение. Калориска вредност од само 43 калории во 100 грама, ниска содржина на холестерол, заситени масти и висока застапеност на растителни влакна, го прават цвеклото едно од здравите задоволства, широко употребувани и одлични за посакуваниот израз во огледалото.

Некои го сакаат свежо, а на некои вкусот на цвеклото во тегли им е поприфатлив. Благодарение на Даниела, со вас го споделуваме рецептот за подготовка на цвекло во тегли, кој таа редовно го подготвува за зимница.

цвекло во тегли

Состојки:

  • 7 кг цвекло
  • 1 л оцет
  • 1,5 л вода
  • 500 грама шеќер
  • 300 грама сол (може да ја намалите количината на сол)
  • 250 мл масло
  • 2 лажици мајчина душица.

Подготовка:

  1. Цвеклото се убаво се мие. Во тенџере на оган, се става вода да се вари се додава измиеното цвекло.
  2. Штом цвеклото ќе омекне се лупи и се сече на парчиња по желба.
  3. Исечканото цвекло се става во поголем сад во кој се додаваат оцетот, маслото, водата, солта и шеќерот. Садот со цвеклото се става на оган и се остава да врие за време од 30 минути.
  4. По желба се додава мајчина душица. Ако користите мајчина душичка од ќесичка тогаш ставете 3-4 кесички зависно од квалитетот на чајот, а ако имате сами собрано тогаш во газа се врзуваат 2 лажици од чајот и така се става да врие со солилото. Притоа, важно е мајчината душица да се стави во газа, затоа што во спротивно може да се налепи на цвеклото и нема да биде пријатно за сервирање.
  5. Рерната се загрева на 100 степени и во неа се затоплуваат 12 тегли. Цвеклото се собира врело во врели тегли. Изладените тегли со цвекло се сместуваат кај останатата зимница.

Рецептот го испратил: Даниела Џогова

Сподели: