Руски рецепт за домашна маст против болки во зглобовите 1

Руски рецепт за домашна маст против болки во зглобовите

Постојат повеќе причини за болки во зглобовите. Причината може да биде траума, преоптеретување, претходни скршеници, артритис, реума итн. Овој руски рецепт за домашна маст против болки во зглобовите, доаѓа од народната медицина и се припрема од едноставни состојки кои скоро секогаш ги имате во кујната.

Може да ве интересира: 3 намирници кои го регенерираат ткивото на половината и зглобовите.

Руски рецепт за домашна маст против болки во зглобовите 2

Состојки:

  • 1 лажица мед
  • 1 лажица лут сенф
  • 1 лажица ситна сол
  • 1 лажица вода.

Подготовка:

  1. Сите состојки промешајте ги добро во еден сад и направете хомогена смеса.
  2. Во празна кутија од крем складирајте ја маста и чувајте ја во фрижидер, на темно и ладно.

Примена:

Болното место намачкајте го со оваа маст и направете облога, односно ставете најлонска ќеса и заврзете со топол, а најдобро волнен шал. Држете ја облогата така најмалку 1,5 до 2 часа. Процедурата е најдобро да ја обавувате пред спиење, за болниот зглоб да остане во мирување. Наутро, измијте го местото како секоја друга облога.

Не ограничувајте се на еден третман, туку повторете го ова најмалку 4-5 дена последователно. Ефектот ќе го почувствувате уште после една облога. Подоцна, повторувајте го третманот по потреба. Доколку имате било каков сомнеж, консултирајте се со стручно лице.

Ви препорачуваме да прочитате: Желатин – природен лек за намалување на болките во половината.

Сподели: