Сакате витка линија? Не го избегнувајте месото 1

Сакате витка линија? Не го избегнувајте месото!

Често пати, во желбата да се намали телесната маса, луѓето обично мислат дека треба да го избегнат месото. Но не е баш така. Овие совети ќе ви помогнат ако сакате да го изгубите вишокот на килограми и да постигнете витка линија.

За време на празниците и разните свечености и прослави, сите ние се опуштаме и ставаме по некој килограм. Оние кои се борат со телесната тежина и работат на тоа да ја намалат испробуваат разни диети, проверени режими на исхрана кои на други им профункционирале и слично. Секој треба да го пронајде она што најдобро функционира за неговиот организам.

Сакате витка линија? Не го избегнувајте месото 2

Дали протеините се добар избор за намалување на телесна тежина?

Кога станува збор за жените, тие најлесно се одрекуваат од месото, а тоа е една од најчестите грешки кои ги прават. Поголемиот број нутриционисти потврдуваат дека умерени количини на месо е неоходно за организмот. Тука е важно да се напомене за начинот на припрема, подобро да биде варено отколку пржено.

Некои стручњаци тврдат дека исхраната богата со протеини е најздрава, а притоа е и најдобар начин за губење килограми. До таков заклучок дошла и екипата на научници од Универзитетот во Сиднеј, за време на едно опсежно истражување, при кое било утврдено дека сите кои се борат со килограмите треба да започнат со броење на протеини, наместо со броење на калории.

Координаторот на тимот, нутриционистот Дејвид Рубенхајмер објаснил дека кога јадете протеини, со внесот на храната, телото истовремено троши калории, така што нема опасност од наталожување на килограми.

“Оние кои внесуваат помалку месо, веројатно ќе претераат со мастите и јаглените хидрати, што е всушност погубно за линијата и здравјето.“ – вели Дејвид.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 јапонски тајни за витка линија и долговечност.

Сподели: