салата од карфиол

Салата со карфиол, маслинки и кисели краставички

Едноставна, лесна и вкусна! Супер рецепт за салата со карфиол, маслинки и кисели краставички ни доаѓа од кујната на Невена.

Оваа салата е идеална и во лето и во зима, а со чашка ракија добивате вкусно мезе за друштво со пријателите. Може да ја послужите во комбинација со месо за ручек или вечера.

салата со карфиол

Состојки:

  • 600 гр карфиол
  • 60 гр кисели краставички
  • 60 гр црни или зелени маслинки без семка
  • 80 гр кисели пиперки од тегла
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • по потреба масло, киселина и сол.

Подготовка:

  1. Карфиолот искинете го на мали цветчина. Во тенџере на оган ставете вода да се вари. Посолете ја водата. Штом водата зоврие додајте го карфиолот. Варете го околу 5 минути.
  2. Варениот карфиол исцедете го и оставете го да се излади во длабок сад.
  3. Краставичките, маслинките и пиперките исецкајте ги, додајте ги во садот со карфиолот и измешајте. Додајте ја солта, киселината и маслото по вкус. Измешајте и посипете со магдонос.
  4. Готовата салата од карфиол и краставички послужете ја веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Запечен карфиол со ќофтиња и кашкавал.

Сподели: