свежа салата со пилешко месо

Салата со пилешко месо и марулка во сос од јогурт

Салатите со пилешко месо се едни од највкусните кои може да се послужат и како лесен ручек или вечера. Ние ги обожаваме, па затоа ви предлагаме нов рецепт за салата со пилешко месо, марулка, моркови прелиени со вкусен сос од јогурт. 

Ако ги имате состојките на располагање ви предлагаме уште денес да ја пробате оваа салата.

салата со пилешко месо

Состојки:

  • 4 листови марулка
  • 2 листови црвена марулка
  • рукола по вкус
  • 1 поголем морков
  • 3 до 4 шери домати
  • ½ мала главица кромид
  • 3- 4 мали кочани пченка од тегла
  • 200 грама зачинет печен пилешки стек

Сос:

  • 2 лажици мајонез
  • 2 лажици јогурт
  • сол и црн пипер во вкус
  • зачини по вкус (нане, магдонос, копар, босилек…).

Подготовка:

  1. Пилешкото месо зачинете го и испечете го на скара или пропржете го. Доколку се одлучите да го печете ви предлагаме да го приготвите според рецептот за Домашно мариниран пилешки стек на скара.
  2. Листовите марулка исечете ги на крупни парчиња.
  3. Морковот излупете го, а потоа изрендајте го на крупната страна од рендето.
  4. Шери доматите исечете ги на четвртини.
  5. Кромидот исечете го на тенки листови.
  6. Кочаните пресечете ги на 3 до 4 дела.
  7. Во длабока чинија ставете ги марулката, ренданиот морков, шери доматите, кромидот и кочаните. Измешајте ги убаво. Потоа, салатата распоредете ја во две чинии.
  8. Пилешкото месо исечете го на парчиња со големина по ваша желба. Во средината на чиниите ставете го пилешко месо.
  9. Во чинија ставете ги лажиците мајонез, јогуртот, посолете по вкус и зачинете со мелен црн пипер. Измешајте со лажица за да се добие хомогена смеса, а потоа додајте зачини по вкус. Во чиниите врз пилешкото месо ставете од сосот со јогурт. Готовата салата со пилешко месо и марулка послужете ја веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Пилешка салата со макарони.

Сподели: