Семејна тава со свинско месо

Семејна тава со свинско месо

Ако сакате вашето семејство да го нахраните и угостите со богат ручек кој е близок до нашата традиција, дефинитивно треба да се одлучите за подготовка на семејна тава со свинско месо. Одличен спој на состојки кои совршено се вклупоуваат и креираат моменти за една незамисливо вкусна гозба!

Семејна тава со свинско месо

Состојки:

  • 1 кг свински пафлак
  • 500 гр мелено месо
  • 4 страка праз
  • 3 моркови
  • 1 главица кромид
  • 5-6 суви црвени пиперки
  • 1 тегла шампињони
  • 2 компири
  • 5-6 ловорови листа
  • 300 мл црвено вино
  • 2-3 лажици мешан зачин
  • 1/2 лажица црн пипер.

Подготовка:

  1. Меленото месо се замесува со мешан зачин и црн пипер, се посолува по вкус и од него се прават мали ќофтенца.
  2. Свинското месо се сечка на парчиња и се запржува во загреено масло за малку да фати коричка.
  3. Во истото масло се запржуваат и сечканиот праз, морков и сувите пиперки. Се пржат додека омекнат.
  4. Во тавата со морковите и сувите пиперки, се додаваат печурките и се пржи уште 10 минути.
  5. Во поголема тава се става месото, а врз него се нанесува зеленчукот.
  6. Се додаваат зачините, ловорот и компирот исечкан на поситни коцки, па се налева со виното и  една чаша вода. Убаво се меша да се соедини и се става во рерна да се пече, а пред тоа се покрива со фолија и се пече околу 40 минути на 200 степени.
  7. На крај фолијата се отстранува и се додава ретка запршка (1 лажица брашно се пропржува со малку масло, па се додава 1 лажица црвен пипер). Запршката се додава по желба, но јадењето е вкусно и без запршка.
  8. Се пече уште 10 минути и ручекот е готов. Оваа количина е поголема доволна за еден семеен ручек.

На здравје!

Рецептот го испратил: Даниела Џогова

Сподели: